Шпански новинар тврди

Југославија денес ќе беше подобра од САД во кошарка

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека доколку се состави кошаркарска репрезентација од играчи кои доаѓаат од земји кои беа членки на Југославија, таа селекција ќе беше подобра од САД. 

Кошаркарите од екс-ју просторите доминираат во НБА, тоа го поттикна новинарот на „Марка“, Гиљермо Гарсија да напише посебна статија на оваа тема и да направи хипотетичка репрезентација на Југославија.
 
Во неа би играле, Милош Теодосиќ (Србија), Горан Драгиќ (Словенија), Василије Мичиќ (Србија), Богдан Богдановиќ (Србија), Лука Дончиќ (Словенија) Бојан Богдановиќ (Хрватска), Немања Бјелица (Србија), Никола Јокиќ (Србија), Никола Вучевиќ (Црна Гора), Јусуф Нуркиќ (БиХ), Данило Шариќ (Хрватска) и Никола Милутинов (Србија).
 
Гарсија тврди дека оваа селекција не само што ќе биде рамноправна на ѕвездите од САД, туку и ќе ги победува.
 
Оваа година се очекува МВП наградата да ја добие Никола Јокиќ, а многу зад него не заостанува ниту Лука Дончиќ, Вучевиќ беше лидер на Орландо, сега станува лидер на Чикаго, Горан Драгиќ, Бојан и Богдан Богдановиќ исто така имаат главни улоги во своите тимови.
 
„Марка“ во сторијата има поставено и анкета, дали овој тим на Југославија може да ја победи селекцијата на САД. Од преку 20.000 гласови, дури 74 проценти одговориле со ДА.
 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе