Никола Јокиќ втора сезона по ред беше прогласен за најкорисен кошаркар во НБА. А овојпат МВП наградата му беше доделена на посебен начин.
Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, генералниот директор, Келвин Бот и сопственикот на клубот, Стен Кроенке го чекаа пред неговата штала со коњи во Сомбор да му ја предадат МВП наградата.
Јокиќ кога го виде гестот не можеше да ги сокрие емоциите, со солзи во очите се поздравуваше со присутните додека во позадина имаше жива музика.
„Тешко ми беше да поверувам дека воопшто ќе станам кошаркар, а не дека ќе играм во НБА и двапати ќе бидам прогласен за МВП. Сега не размислувам на награди, но еден ден кога ќе бидам стар, дебел и намуртен, ќе им раскажувам на моите деца дека порано добро играв кошарка. Сите знаат дека сум истата личност и се надевам дека ова нема да ме смени во иднина“, вели Јокиќ.
Коњите се најголемото хоби на Јокиќ, тој во слободно време постојано е со нив.