НБА

Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до победа над Торонто (ВИДЕО)

Никола Јокиќ беше херојот на Денвер Нагетс во победата над Торонто Репторс во Канада од 106:103, српскиот центар постигна трипл-дабл учинок.

Денвер дојде до шестата победа по ред откако синоќа го славеше на гостувањето кај Тороното кому му беше прекината серијата од дури осум триумфи по ред.
 
Натпреварот беше неизвесен во најголемиот тек, но најчесто Денвер ја имаше предноста, беа подобри и во финишот и сосема заслужено дојдоа до победата од три поени разлика.
 
Никола Јокиќ беше ѕвездата на теренот, тој постигна 23 поени, најмногу во својот тим, запиша и 15 асистенции и 11 скокови за трипл-дабл. Ленард со 27 поени беше најефикасен во составот на Торонто и на натпреварот.
 
 
Резултати:
 
Детроит - Оклахома 83:110
Атланта - Голден стејт 111:128
Бруклин - Кливленд 97:99
Њујорк - Вашингтон 107:110
Торонто - Денвер 103:106
Минесота - Хјустон 103:91
Њу Орлеанс - ЛА Клиперс 126:129

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе