Денвер и Оклахома одиграа неизвесен меч кој во регуларниот дел заврши нерешено 109:109. Но во продолжението од пет минути Денвер беше многу подобар, Оклахома за тој период постигна неверојатни четири поени со кои не можеше да се надева на ништо друго освен пораз.
Нагетс на крајот славеа победа од 121:113, а Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл, вкупни 41 во НБА кариерата.
Јокиќ реализираше 30 поени, имаше 12 скокови и десет аситенции, неговиот соиграч Портер беше најефикасен на мечот со 37 поени, најмногу за него во кариерата.
Лос Анџелес Лејкерс со 116-108 дојде до триумф над Јута Џез, со овој триумф на пет кола до крајот го заверија првото место во западот бидејќи имаат шест победи повеќе од Клиперс.
Ентони Дејвис беше ѕвездата на вечерта во составот на Лејкерс, тој постигна 42 поени, имаше и 12 скокови, Леброн Џејмс реализираше 22 поени. Во составот на Јута, Мичел постигна 33.
Резултати:
Мајами - Торонто 103:107
Оклахома - Денвер 113:121
Вашингтон - Индијана 100:111
Њу Орлеанс - Мемфис 109:99
Филаделфија - Сан Антонио 132:130
Јута - ЛА Лејкерс 108:116