НБА

Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до победа, 50+ поени за Тејтум и Лавејн (ВИДЕО)

Никола Јокиќ постигна нов трипл-дабл учинок а Денвер со 121-119 го победи Сан Антонио, Тејтум реализираше 53 поени во триумф на Бостон над Минесота од 145-136, 50 поени запиша Зак Лавејн но Чикаго Булс загуби на гостувањето кај Атланта со 120-108. 

Никола Јокиќ со 26 поени, 13 скокови и 14 асистенции го предводеше Денвер до победа против Сан Антонио од 121-119, најефикасен кај гостите беше Вајт со 25 поени, но најдобар беше Дероузан кој реализираше 24 поени но имаше и 12 скокови.
 
 
Бостон по продолжение ја победи Минесота со 145-136, а главен во триумфот беше Џејсон Тејтум кој постигна 53 поени, најмногу во својата кариера, а имаше и десет скокови. Најдобар кај Минесота беше Таунс со 30 поени и 12 скокови.
 
 
Одличната партија на Зак Лавејн не беше доволна за Чикаго да победи кај Атланта. Тој реализираше 50 поени, Вучевиќ даде 25 поени, имаше и десет скокови, но биковите загубија со 120-108. Најдобар кај Атланта беше Јанг со 42 поени, осум скокови и девет асистенции.
 
 
Резултати:
 
Орландо - Индијана 106:111
Бостон - Минесота 145:136
Њујорк - Мемфис 133:129
Атланта - Чикаго 120:108
Њу Орлеанс - Филаделфија 101:94
Денвер - Сан Антонио 121:119
Милвоки - Шарлот 119:127
Голден стејт - Вашингтон 107:110
ЛА Клиперс - Хјустон 126:109

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе