Натпреварот меѓу Њу Орлеанс и Денвер беше рамноправен во најголемиот дел, по едно полувреме им припадна и на двете екипи. Во регуларниот тек дуелот заврши 105-105. Но во продолжението госите беа подобри со 15-9 и на крајот го добија мечот со 120-114.
Никола Јокиќ имаше брилијантна вечер, даде 39 поени и имаше по 11 скокови и 11 асистенции. Најдобар кај Њу Орлеанс беше Валанчиунас со 27 поени и 11 скокови.
И Лука Дончиќ беше најдобар кај Далас во гостински триумф од 104-96 кај Мемфис. Словенецот постигна 26 поени, исто толку во тимот на Мемфис имаше Џексон.
Резултати:
Шарлот - Филаделфија 106:110
Кливленд - Чикаго 115:92
Детроит - Вашингтон 116:119
Индијана - Њујорк 122:102
Мајами - Милвоки 113:104
Торонто - Оклахома 109:110
Хјустон - Бруклин 114:104
Мемфис - Далас 96:104
Минесота - Јута 104:136
Њу Орлеанс - Денвер 114:120
Голден стејт - Портланд 104:94
Сакраменто - Орландо 142:130
ЛА Клиперс - Бостон 114:111