НБА

Јокиќ со 37 поени го предводеше Денвер до победа над Портланд (ВИДЕО)

Денвер поведе во полуфиналната серија против Портланд откако победи со 121:113 во првиот дуел, херојот и овој пат беше Никола Јокиќ.

Српскиот кошаркар имаше уште една фантастична партија, постигна 37 поени, имаше девет скока, шест асистенции, три украдени топки и две блокади, буквално беше главен во тимот на Денвер. Најефикасен на теренот беше Лилард од Портланд со 39 поени.
 
Денвер доминираше речиси во текот на целиот меч, Портланд неколку пати имаше водство во втората четвртината а во остатокот од натпреварот само го бркаше водството на противникот. На крајот домаќините заслужено победија со 121:113 и поведоа со 1-0.
 
 
На истокот Филаделфија изедначи во полуфиналната серија со Торонто на 1-1 откако го победи на негов терен со 94:89.
 
Батлер со 30 поени и 11 скокови беше најдобар во составот на Филаделфија, Леонард постигна 35 за Торонто.
 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе