НБА

Јокиќ се разбуди во второто полувреме и со кош во финишот му ја „украде“ победата на Дончиќ (ВИДЕО)

Денвер славеше на гостувањето кај Далас, во драматична завршница, „нагетс" стигнаа до триумф од 106-107 со шут за два на Никола Јокиќ на 8 секунди пред крајот.

Никола Јокиќ ја доби пресметката со Лука Дончиќ утрово во НБА, Србинот се разбуди во вториот дел и му ја „украде“ победата на Словенецот. Популарниот „џокер“ погоди шут за два на осум секунди пред крајот и донесе триумф за Денвер на гостувањето кај Далас од 106-107.

„Маверкикс“ го контролираа натпреварот и практично беа во водство цел меч, на две минути пред крајот имаат позитива од пет поени, но во финишот немаа решение за Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со 33 поени, од кои 26 беа постигнати во второто полувреме.

Лука Дончиќ пак реализираше 27 поени, 9 скокови и 10 асистенции и беше многу блиску до нов трипл дабл.

НБА Резултати:

Бостон – Сан Антонио 114:129
Шарлот – Торонто 110:122
Индијана – Мајами 108:122
Орландо – Вашингтон 123:89
Атланта – Хјустон 115:122
Далас – Денвер 106:107
Њу Орлеанс – Чикаго 123:108
Јута – Њујорк 128:104
Голден Стејт – Милвоки 98:107

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група фризери, бербери, козметичари..., кои се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе