НБА

Јокиќ одличен во победа на Денвер над Сан Антонио, пад на Лејкерс откако го заверија првото место (ВИДЕО)

Денвер со 132:126 победи против Сан Антонио, одлично издание имаше Никола Јокиќ, Лејкерси кои веќе го заверија првото место на Западот, загубија убедливо од Оклахома со 105:86. 

Со одлична игра во последната четвртина во која постигнаа дури 43 поени, Денвер дојде до триумф над Сан Антонио од 132:126.
 
Никола Јокиќ имаше одлична партија постигнувајќи 25 поени и 11 асистенции, но Портер беше најдобриот поедицинец во тимот на Денвер, тој реализираше 30 поени, а имаше и 15 скокови.
 
 
Лос Анџелес Лејкерс со претходната победа го завери првото место на Западот, па очигледно опуштено влезе во дуелот со Оклахома, а тоа ги чинеше убедлив пораз од 105:86.
 
Најефикасен во составот на Лејкерс беше Леброн Џејмс со 19 поени, имаше и 11 скокови, Ентони Дејвис реализраше само девет поени. Крис Пол со 21 поен ја предводеше Оклахома до победата.
 
 
 
Резултати:
 
Јута - Мемфис 124:115
Сан Антонио - Денвер 126:132
Вашингтон - Филаделфија 98:107
ЛА Лејкерс - Оклахома 86:105
Орландо - Торонто 99:109
Бостон - Бруклин 149:115

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе