четврток, 9 мај 2024
Избори 2024

Конечни резултати на ДИК, Сиљановска претседателка, ВМРО-ДПМНЕ победник, СДСМ со најголем пораз во историјата

Гордана Сиљановска Давкова од 12 мај ќе стане и официјално првата жена претседател на Македонија. СДСМ го доживеа најголемиот пораз од основањето на партијата. ВМРО-ДПМНЕ е големиот победник на годинешниве претседателски и парламентарни партии.

Објавено на

часот

Сподели

СДСМ, според досегашните информации од ДИК, го доживеа најтешкиот пораз во историјата и според бројот на пратеници станува трета партија во Македонија, по ДУИ.

По целосно обработените податоци од вчерашното гласање, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички места, коалицијата на ДУИ 19 пратеници, СДСМ 18 мандати, коалицијата Вреди 13, Левица и ЗНАМ по шест маднати.

Освоените 154.687 илјади гласови се убедливо најслаб резултат за СДСМ на 11 парламентарни избори досега од независноста. На 15 септември 2002 година СДСМ победи со 497.342 гласови, што е и најдобар резултат на која било партија воопшто. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 436.036 гласови, а за Гордана Сиљановска гласаа 561.000 граѓани. Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ освои 251.541 глас.

По изборни единици, бројот на освоени мандати изгледа вака.

ИЕ 1 – Коалицијата Твоја Македонија на ВМРО- ДПМНЕ – 10 пратеници, коалицијата на СДСМ – 3 пратеници, ДУИ и коалицијата – 2 пратеници, Вреди – 2 пратеници, Левица – 2 пратеници и ЗНАМ – 1 пратеник.

ИЕ 2 – ВМРО-ДПМНЕ 8 пратеници, ДУИ – 4 пратеници, ВРЕДИ – 3 пратеници, СДСМ – 2 пратеници, ЗНАМ – 2 пратеници и Левица – 1 пратеник.

ИЕ 3 – ВМРО-ДПМНЕ – 14 пратеници, СДСМ – 4 пратеници, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.

ИЕ 4 – ВМРО-ДПМНЕ – 13 пратеници, СДСМ – 5 пратеници, ЗНАМ – 1 пратеник и Левица – 1 пратеник.

ИЕ 5 – ВМРО-ДПМНЕ – 10 пратеници, ДУИ – 4 пратеници, СДСМ – 3 пратеници, Вреди – 1 пратеник, ЗНАМ – 1 и Левица – 1 пратеник.

ИЕ 6 – ДУИ – 9 пратеници, Вреди – 7 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ – 3 пратеници, СДСМ – 1 пратеник.

На 12 мај на пладне ќе се одржи инаугурацијата на новата претседателка, која ќе даде заклетва пред стариот собраниски состав. Најдоцна за 20 дена по денот на изборите, односно до 28 мај согалсно роковите во Уставот треба да се одржи конститутивна седница зна новиот собраниски состав. Десет дена потоа треба да биде доделен мандатот за формирање Влада на партијата, односно партиите коио освоиле најголем број пратенички мандати на изборите – во случајот ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Мандатот на Христијан Мицкоски ќе му го додели претседателката Сиљановска Давкова. Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на новата Владата, која се гласа со мнозинство гласови во Собранието – односно 61 пратеник. Согласно овие рокови Македонија би требало да ја добие новата Влада најдоца до 27 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ