Денвер го победи Мемфис со 122-109 и ја завери шестата позиција на Западот која носи директно во плејофот. Никола Јокиќ на овој натпревар постигна 35 поени, имаше 16 скокови и шест асистенции.
Овие бројки не се ништо спектакуларни за него, но со помош на нив дојде до едно остварување кое го нема никој направено досега.
Јокиќ оваа сезона има повеќе од 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции. Досега ниту еден кошаркар немал таков учинок во тек на една сезона.
Nikola Jokic is the first player in NBA history with
— StatMuse (@statmuse) April 8, 2022
2,000 points
1,000 rebounds
500 assists
in a single season. pic.twitter.com/j4DBLwFylF
Резултати:
Шарлот - Орландо 128:101
Милвоки - Бостон 127:121
Торонто - Филаделфија 119:114
Минесота - Сан Антонио 127:121
Њу Орлеанс - Портланд 127:94
Денвер - Мемфис 122:109
Голден стејт - ЛА Лејкерс 128:112