НБА

Јокиќ имаше четвртина за паметење, Денвер остана во живот, ЛА Клиперс го понижија Далас (ВИДЕО)

Денвер со 117-107 ја победи Јута и намали на 3-2 во серијата, Далас доживеа вистински дебакл откако загуби од Клиперс со 43 поени разлика, 154-111. 

Денвер конечно заигра како што треба и дојде до победа над Јута со која ја одржа надежта за конференциско полуфинале.
 
Никола Јокиќ имаше спектакуларна прва четвртина во која постигна 21 поен, осум коша од осум шута, дури пет беа тројки, а последната беше со звукот на сирената.
Србинот до крајот на мечот постигна уште десет поени и натпреварот го заврши со 31 поен. Најдобар во составот на Денвер беше Мареј со 42 поени, тој стана прв играч во историјата на Денвер со два врзани плејоф меч преку 40 поени. Во составот на Јута, Мичел постигна 30 поени.
 
 
Лос Анџелес Клиперс со камата му наплати на Далас за поразот од претходниот меч, го победи со неверојатни 43 поени разлика, 154:111.
 
Пол Џорџ конечно одигра меч како што се очекува од него, беше најдобар стрелец на натпреварот со 35 поени, Ленард реализираше 32. Кај Далас најдобар беше Лука Дончиќ со 22 поени.
 
 
Резултати:
 
Денвер - Јута 117:107 (2-3)
ЛА Клиперс - Далас 154:111 (3-2)
 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе