НБА

Јокиќ и Дончиќ со трипл-дабл ги предводеа Денвер и Далас до победи (ВИДЕО)

И Никола Јокиќ и Лука Дончиќ имаа трипл-дабл учиноци во победите на своите тимови, Денвер со 104-91 славеше на гостувањето кај Детроит, Далас со 114-110 беше подобар од Торонто. 

Јокиќ постигна 20 поени, имаше 15 скокови и 11 асистенции и беше главен во победата на Денвер од 104-91 на гостувањето кај Детроит. Исто поени како него имаше неговиот соиграч Хауард, во составот на Детроит најдобар беше Диало со 18 поени и 12 скокови.
 
 
Далас оствари важен триумф за зачувување на позицијата која го води директно во плејофот, на свој терен го совладаа Торонто со 114-110. Дончиќ постигна 20 поени, имаше 11 асистенции и 10 скокови, повеќе поени од него во тимот на Далас имаше Порзингис, тој постигна 21 поен, имаше и десет скокови. Кај Торонто, Харис реализираше 31 поен.
 
 
Резултати:
 
Вашингтон - Кливленд 120:105
Детроит - Денвер 91:104
Оклахома - Јута 93:109
Филаделфија - Орландо 122:97
Далас - Торонто 114:110
Хјустон - ЛА Клиперс 122:115
Мемфис - Сакраменто 107:106
Голден стејт - Њу Орлеанс 125:122
 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе