НБА

Јокиќ го водеше Денвер до нова победа, ЛА Лејкерс загуби и од Феникс (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа над Сан Антонио од 102:96, ЛА Лејкерс го загубија и вториот натпревар откако на свој терен беа поразени од Феникс со 115-105. 

Денвер и Јокиќ имаат одличен старт на новата сезона, две победи од два меча, а српскиот кошаркар беше најдобар и на двата дуели.
 
Синоќа против Сан Антонио, Јокиќ постигна 32 поени, имаше и 16 скокови. Во гостинскиот тим Џонсон беше најдобар со 27 поени.
 
 
Лејкерс е еден од главните фаворити за титулата оваа сезона, но имаат лош старт, со два порази. Синоќа загубија од Феникс.
 
Загубија со 10 разлика (105-115), но можеше да им се случи и вистински дебакл бидејќи во еден момент во третиот период губеа и со 32 поени разлика (55-87).
 
Лошата атмосфера во Лејкерс кулминираше со инцидент во кој главните улоги ги имаа Ентони Дејвис и Двајт Хауард кои за време на мечот се степаа меѓусебе. (Инцидентот можете да го видите на овој ЛИНК).
 
Леброн Џејмс постигна 25 поени, Дејвис реализираше 22 поени, имаше и 14 скокови. Кај Феникс најдобар беше Крис Пол со 23 поени и 14 асистенции.
 
 
Резултати:
 
Кливленд - Шарлот 112:123
Орландо - Њујорк 96:121
Вашингтон - Индијана 135:134
Бостон - Торонто 83:115
Филаделфија - Бруклин 109:114
Чикаго - Њу Орлеанс 128:112
Денвер - Сан Антонио 102:96
ЛА Лејкерс - Феникс 105:115
Сакраменто - Јута 101:110

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе