НБА

Јокиќ го предводеше Денвер до победа над Оклахома (ВИДЕО)

Никола Јокиќ беше најдобар на теренот во мечот во кој Денвер со 119:101 ја победи Оклахома. 

Јокиќ постигна 27 поени, имаше и 12 скокови во триумфот на Денвер над Оклахома, втор најдобар играч во тимот беше Морис кој постигна 15 поени. Кај Оклахома, Дорт беше најефикасен со 20 поени.
 
 
Покрај мечот меѓу Денвер и Оклахома, синоќа се одигра само уште еден натпревар во кој Јута со 118:102 го победи тимот на Њу Орлеанс.
 
Мичел со 28 поени беше најдобар во составот на Јута, кај Њу Орлеанс а и воопшто на натпреварот најефикасен беше Зион Вилијамсон со 32 поени.
 
 
Резултати:
 
Денвер - Оклахома 119:101
Јута - Њу Орлеанс 118:102

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе