НБА

Јокиќ го предводеше Денвер до победа, Дончиќ го доби дуелот со Тејтум, но Далас загуби од Бостон (ВИДЕО)

На Никола Јокиќ му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл против Оклахома, но Денвер го доби мечот со 126-131, Лука Дончиќ постигна 42 поени против Бостон, но Далас го загуби мечот со 125-112. 

Оклахома и Денвер одиграа неизвесен меч кој се решаваше по продолжение. Никола Јокиќ одигра одлична партија, постигна 39 поени, имаше 10 скокови и девет асистенции, Гордон постигна 30 поени. Во составот на Оклахома убедливо најдобар беше Жилжиус Александер со 31 поен и 11 асистенции.
 
 
Лука Дончиќ имаше уште едно брилијантно издание оваа сезона, но тоа не му помогна на Далас да избегне пораз кај Бостон. Словенецот водеше битка со Тејтум, личната пресметка ја доби. Дончиќ постигна 42 поени, имаше осум скокови и девет асистенции. Тејтум мечот го заврши со 37 поени, 13 скокови и пет асистенции.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Филаделфија 107:101
Кливленд - Портланд 114:96
Индијана - Минесота 101:115
Атланта - Сакраменто 115:106
Бостон - Далас 125:112
Мајами - Вашингтон 113:105
Торонто - Бруклин 98:112
Милвоки - Чикаго 113:118
Оклахома - Денвер 126:131
Сан Антонио - Њу Орлеанс 110:129
Јута - Детроит 116:125
Голден стејт - ЛА Клиперс 124:107

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе