Центарот на Денвер денеска беше прогласен за МВП во НБА

Јокиќ: Ако децата во Србија почнат да играат кошарка поради мене, тоа ќе ми биде најголемо постигнување!

Никола Јокиќ вели дека не знае како во Србија се слави неговата награда за МВП на сезоната и додава дека уште поголем успех ќе му биде доколку децата почнат да играат кошарка поради него.

Никола Јокиќ денеска беше прогласен за најкорисен играч во НБА, центарот на Денвер сосема заслужено стигна до ова признание откако настапи на сите 72 натпревари од регуларната сезона и во просек забележа 26,4 поени, 10,8 скокови и 8,3 асистенции.

„Не можев да стигнам до вакво нешто сам. Точно е дека се работи за индивидуална награда, но помогнаа сите кои се дел од Денвер“ – вели Никола Јокиќ, кој упати специјална благодарност до кондициониот тренер Филипе Ајкенбергер.

„Пред година ипол или две, тој почна да ми зборува МВП, МВП. Тој беше првиот човек кој ми го стави ова во глава“.

Никола Јокиќ е првиот Србин кој стигнал до оваа награда, па беше запрашан каква ќе биде реакцијата во неговата родна земја.

„Не знам, ќе почувствувам кога ќе се вратам дома, тогаш ќе знам што точно значи оваа награда. Би сакал да значи дека децата ќе излезат надвор и ќе играат кошарка... Доколку децата во Србија почнат да играат кошарка поради мене, тоа ќе биде моето најголемо постигнување“.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе