Понуда која не се одбива

Јакимовски ќе игра за Вашингтон Стејт Универзитетот во НЦАА лигата

Андреј Јакимовски кој важи за еден од најголемите таленти во македонската кошарка кариерата ќе ја продолжи во САД каде ќе игра во универзитетската НЦАА лига. 

Одличните настапи на Јакимовски во Италија не останаа незабележани од скаутите, понуда пристигна од Вашингтон Стејт Универзитот и нашиот играч без размислување ја прифати.
 
Јакимовски таму ќе го продолжи своето образование и ќе игра во престижната универзитетска НЦАА лига каде што ќе може да биде следен од скаутите на НБА екипите.
 
„Андреј го следиме повеќе од една година. Му понудивме можност да игра во шампионската конференција, да добие добро образование и диплома, тоа не се одбива. Тој е многу квалитетен кошаркар кој може да игра на четири различни позиции, беше доминантен против своите врсници, а се наметна и како лидер во македонската младинска репрезентација. Тој е и добар ученик, има позитивен карактер и сигурно ќе се вклопи во нашата програма“, изјави тренерот Вашингтон Стејт, Кајл Смит.
 
Андреј Јакимовски дебитираше и за сениорската репрезентација на Македонија, тој е еден од кошаркарите со кои селекторот Тодоров го најави подмладувањето, но неговото заминување во САД ќе значи дека тој ретко ќе биде достапен за македонската селекција.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе