Квалификации за СП 2023

Јакимовски: Играме против Светскиот шампион, но нема да се предадеме

Андреј Јакимовски по подолго време повторно е во репрезентацијата на Македонија, вели дека тие што се во составот се подготвени да го дадат максимумот против Шпанија и Украина. 

Поради тоа што игра во САД, Андреј Јакимовски не може да се јави на секој селекторски повик во кошаркарската репрезентација, но за дуелите со Шпанија и Украина е тука.
 
„Конечно по долг период можам да играм за сенорскиот тим. Огромно задоволство е да се игра за репрезентацијата и тоа е предизвик. Немаме притисок, на нас ни останува да го дадеме најдоброто од себе и да го дадеме максимумот од себе, а за резултатите ќе видиме“, вели Јакимовски.
 
Во селекцијата на Бајиќ има повеќе отсутни од различни причини, па нејасно е како ќе се претставиме во престојните два дуели.
 
„Имаме доста млад тим, но мора да покажеме зошто сме тука. Резултатите можеби нема да ги видиме сега, но важно е сите помладите да почнеме од некаде и да градиме тим“.
 
„Со актуелниот светски шампион ќе видиме до каде сме, првиот натпревар е против таа силна Шпанија, но ние нема предвреме да се предадеме“.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе