Евробаскет 2022

Италија имаше добиен меч, но победата им се лизна низ раце, Франција оди во полуфинале

Франција ја победи Италија со 93-85 во натпревар со продолжение, Италијаните во регуларниот тек пропуштија голема шанса за триумф. 

Франција е третиот патник во полуфиналето на Евробаскетот откако во крајно неизвесен меч ја совлада Италија со 93-85.
 
На 2 минути и 16 секунди до крајот Италија имаше водство од 75-68, во тие моменти сите ги гледаа Италијаните во полуфинале, но работите се променија.
 
До крајот на регуларниот тек Италија даде само два поени, а Франција девет, па мечот заврши со 77-77 по што се играше продолжение во кое Французите беа подобри и на крајот славеа и убедлива победа од осум поени разлика.
 
Ертел постигна 20 поени за Франција, Гобер 19 поени и 14 скокови. Во составот на Италија, Фонтекио постигна 21 поен.
 
Во полуфиналето тие ќе играат со подобриот од мечот меѓу Словенија и Полска.
 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе