Европско првенство за играчи до 16 години

Испуштивме победа, Македонија загуби од Израел по три продолженија

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 16 години го претрпе и вториот пораз на Европското првенство, попладнево загубивме од Израел по три продолженија со 99-90.

„Црвено-жолтите“ испуштија победа против Израел. Избраниците на Денис Дервишевиќ беа на чекор до триумф, имаа високи 17 поени предност, но катастрофалната последна четвртина го врати противникот во игра. Потоа се играа три продолженија и на крајот Израел славеше со 99-90

Мечот почна со рамноправна игра, Македонија водеше до половината на првата четвртина, а потоа Израел го превзеде водството и го доби овој период со 21-18. 

Израел беше во позитива до средината на втората четвртина, потоа Македонија почна да доминира на паркетот и на полувреме заминавме со предност од 36-31. 

Во третата четвртина целосно го надигравме противникот и стигнавме до највисоки +17 (62-45). Но во завршните 10 минути следеше голем пад во нашата игра. Не можевме да поентираме речиси пет минути, а Израел направи серија од 13-0 и целосно се врати во игра. 

На 150 секунди до крајот, мечот беше во егал (70-70), па на теренот имаше голема растрчаност која донесе многу грешки на двете страни, Македонија имаше шут за победа но Митревски промаши и натпреварот замина во продолжение. 

Во додатните пет минути имаше голема борба, двете репрезентации имаа свои прилики да ја однесат победата, но не ја искористија па следуваше ново продолжение кои исто така заврши со егал. 

Подолгата клупа на Израел дојде до израз во третото продолжение, противникот направи серија од 7-1 и го реши прашањето околу победникот. Конечниот резултат на семафорот гласеше 99-90. 

Прв играч во нашите редови беше Андреј Митревски со 22 поени и девет скока, Резарт Мемед постигна 16 поени, Филип Наков имаше дабл-дабл ефект со 13 поени и 10 скокови додека пак Теодор Симиќ средбата ја заврши со 9 поени и дури 18 скокови. 

Третиот натпревар од оваа прелиминарна група Б го играме утре против Летонија (18:45 часот).

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе