НБА

Ирвинг се врати со 21 поен за 20 минути, Јокиќ го предводеше Денвер до триумф над ЛА Клиперс (ВИДЕО)

Кајри Ирвинг постигна 21 поен за 20 минути на паркетот во победата на Бруклин од 108-86 над Атланта, Никола Јокиќ со дабл-дабл учинок го предводеше Денвер до триумф од 114-104 против ЛА Клиперс.

По два месеци пауза поради повреда на рамото, Кајри Ирвинг со стил се врати во составот на Бруклин. Плејмејкерот практично имаше перфектна вечер со 10 погодени од 11 обиди и 21 поен за 20 минути поминати на паркетот.

„Нетс“ со негова помош немаа проблеми со Атланта и стигнаа до убедлива победа од 108-86.

Во дербито на Западот, Никола Јокиќ со дабл-дабл учинок го предводеше Денвер до триумф од 114-104 против ЛА Клиперс.

Сербинот мечот го заврши со 20 поени и 15 скокови, а забележа и 6 асистенции. Во редовите на гостите, Ленард беше прв играч со 30 поени, солидна помош имаше од Вилијамс и Харел кои постигнаа 26 поени односно 25 поени, но останатиот дел од тимот целосно потфрли.

НБА резултати:

Бруклин - Атланта 108:86
Мемфис - Голден Стејт 122:102
Торонто - Сан Антонио 104:105
Денвер - ЛА Клиперс 114:104
Феникс - Шарлот 100:92

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе