НБА

Индијана го изненади Кливленд, Леброн Џејмс ваков пораз немал од 2012 (ВИДЕО)

Кливленд лошо го започна разигрувањето за титулата, „Коњаницата" на домашен терен убедливо загуби со 80-98 во дуелот со Индијана

Индијана очигледно го има лекот за Кливленд, откако во регуларниот дел од сезоната доби три од четирите пресметки, „Пејсерси“ направија „брејк“ против „Коњаницата“ уште на стартот.

Гостите одлично го започнаа мечот, првата четвртина ја добија со 14-33 и практично тука го решија прашањето за победникот. Во продолжението без многу проблеми ја одржуваа предноста, а Кливленд најмногу што успеа да направи е да се доближи на -7 на стартот од завршните 12 минути.

Конечниот резултат на семафорот гласеше 80-98, со што беа прекинати неколку серии на Леброн Џејмс.

Пред овој меч, „Кралот“ имаше 21 победа во низа во првата рунда од плеј-офот како и пет „метли“. Последен пат Леброн загуби натпревар од првата рунда во мај 2012.

Исто така, Џејмс никогаш претходно во својата кариера не го загубил натпреварот број 1 од првата рунда во плејофот.

НБА резултати:

Кливленд - Индијана 80:98
Оклахома - Јута 116:108
Хјустон - Минесота 104:101

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе