Тажна приказна

Играше крај Леброн Џејмс, заработи 16 милиони долари а сега е бездомник и често „јаде“ ќотек (ВИДЕО)

Кошаркарската јавноста во САД е потресена од неколку видеа кои се појавија на социјалните мрежи, поранешниот играч Делонте Вест беше претепан на сред улица, тој живее како бездомник и покрај тоа што во кариерата има зареботено преку 16 милиони долари.

Делонте Вест беше дел од најдоброто кошаркарско првенство во светот од 2004 до 2012, три сезони играше крај Леброн Џејмс во Кливленд и се верува дека има заработено над 16 милиони долари во кариерата.

Но животот знае да биде суров, Делонте Вест останал без сè што заработил и сега е бездомник. За тоа колку е алармантна неговата ситуација покажуваат неколку видеа кои се појавија на социјалните мрежи.

На првото видео се гледа како Делонте Вест добива ќотек на сред улица во Вашингтон, а на второто видео тој седи на тротоар со лисици на раце и на полицајци им објаснува што се случило. Веднаш дојдоа повици од јавноста до НБА лигата да истапи и да му помогне на Делонте Вест.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе