АБА 2 лига

И МЗТ Скопје тргна со пораз во втората АБА лига, во неизвесен меч загубија од Подгорица

Во првото коло од АБА 2 лигата, црногорските екипи беа подобри од македонските, денеска МЗТ Скопје загуби од Подгорица со 74:72. 

МЗТ Скопје како и Работнички, новата сезона во АБА 2 лигата ја стартуваше со пораз, за разлика од својот ривал, аеродромци беа рамноправен противник на Погорица.
 
Натпреварот беше изедначен во целиот тек, најголемото водство на мечот го имаше МЗТ Скопје кога поведе со седум поени разлика во третиот период 45:38.
 
Македонскиот тим со водство од пет поени влезе во последниот период но не успеа да го сочува. Во драматична завршница на крајот Подгорица победи со два поени разлика, 74:72.
 
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Бојиќ со 24 поени, Гочер постигна 21, а двоцифрен беше и Гарвет кој реализираше 14. Во составот на Подгорица, Мушиќ постигна 23.
 
Во второто коло МЗТ Скопје игра против Сутијеска, а Работнички со Подгорица. Двата меча се играат во четврток.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе