Евробаскет 2022

Хрватска одигра одличен меч, но Грција го има Адетокумбо

Хрватската кошаркарска репрезентација ѝ пружи силен отпор на Грција на Евробаскетот, но благодарение на одличната партија на Јанис Адетокумбо Грците победија со 89-85. 

Грција беше сериозен фаворит во овој меч, но Хрватите покажаа мускули и малку фалеше да направат комплетно изненадување.
 
Хрватска тргна со серија од 7-0, но брзо работите се поставија на свое, Грција го презема водството, а во еден момент имаше и највисоки 19 поени разлика, 40-21, на полувремето Грците водеа со 46-30.
 
Грција на почетокот од второто полувреме ја одржуваше големата предност, но потоа следуваше серија од 15-0 на Хрватска со која дојдоа на само минус два поени разлика 60-62. И последните минути од мечот беа исклучително драматични, на крајот Грција беше подобра во завршницата и победи со 89-85.
 
Јанис Адетокумбо со 27 поени и 11 скокови беше најдобар на паркетот, Тајлер Дорси постигна исто така 27 поени. Во составот на Хрватска, најдобар беше Смит со 23 поени, Бојан Богдановиќ постигна 19.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе