НБА

Хјустон се пласираше во следната рунда, Кливленд прв пат поведе против Индијана (ВИДЕО)

Хјустон со 122:104 ја победи Минесота и со 4-1 се пласираше во втората рунда од НБА плејофот, Кливленд со 98:95 славеше над Индијана и за прв пат поведе во серијата.

Минесота добро го почна натпреварот против Хјустон, ги доби првите две четвртини и на полувремето имаше водство од 59:55. Но работите се променија во третиот период кој го добија домаќините со 30:15, до крајот само ја зголемија предноста за конечни 122:104.
 
Најефикасен во победата беше Капела со 26 поени и 15 скокови, Џејмс Харден имаше 24 коша и 12 асистенции.
 
Во втората рунда Хјстон го чека победникот од дуелот меѓу Оклахома и Јута.
 
 
Кливленд конечно поведе во серијата против Индијана откако го доби петтиот меч со 98:95. Гостите беа подобри во три четвртини, но во третата Леброн и другарите ја анулираа целата негатива откако го добија тој период со 32:17.
 
Леброн Џејмс и во овој натпревар на грб го носеше Кливленд, беше убедливо најдобар на теренот со 44 поени, десет скока и осум асистенции, а на крајот погоди и со звукот на сирената и му ја донесе победата на својот тим.
 
 
Со 3-2 поведе и Торонто кој го победи Вашингтон со 108:98, а вечерта на домаќините ја комплетираше Оклахома која со 107:99 ја совлада екипата на Јута Џез, во оваа серија гостите имаат предност од 3-2.
 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе