Хјустон и Сакраменто одиграа две сосема различни полувремиња, едното беше неизвесно и суперефикасно кое заврши 64-64, а другото со многу малку кошеви, во последните две четвртини ниту една екипа не постигна по 20 поени, третата четвртина заврши со 19-17, а последната со 19-13, на крајот домаќините се радуваа на триумф од 102-94.
Во отсуство на Џејмс Харден, Вол беше најефикасен во составот на Хјустон со 28 поени, кај Сакраменто Фокс реалаизираше 23.
Резултати:
Хјустон - Сакраменто 102:94
Индијана - Њујорк 102:106
Орландо - Оклахома 99:108
Филаделфија - Шарлот 127:112
Атланта - Кливленд 91:96
Њу Орлеанс - Торонто 120:116