НБА

Хјустон го „преслуша“ Сан Антонио, Оклахома го доби мечот на годината против Филаделфија (ВИДЕО)

„Ракетите" со убедливи 124-109 славеа во локалното дерби со Сан Антонио, Оклахома по дури три продолженија ја доби драмата на гостувањето кај Филаделфија со 117-119

Хјустон уште еднаш покажа зошто е тимот со најдобар скор во НБА (23-4), утрово „Ракетите“ го „преслушаа“ Сан Антонио во локалното дерби и стигнаа до 12. победа во низа.

Предводени од Пол и Харден, домаќините практично го решија натпреварот уште на стартот, првата четвртина ја добија со 31-16, а потоа со серија од 13-0 во вториот период стигнаа до високи 51-23.

„Спарси“ пробаа да се вратат во игра, но Хјустон не дозволуваше негативата на гостите да стане едноцифрена, па конечниот резултат гласеше 124-109.

Крис Пол вечерва ја заврши со 28 поени, 8 асистенции и 7 украдени топки. Џејмс Харден исто така забележа 28 поени, а придодаде и 6 асистенции и 7 скокови.

Во Велс Фарго Центар се одигра наптреварот на годината во НБА, Оклахома ја доби драмата со Филаделфија. По дури три продолженија, гостите славеа со 117-119.

„Громовите“ беа во водство цел натрепвар, во еден период од втората четвртина имаа и +17, но „76ките“ не се предаваа и со серија од 11-0 во финишот од средбата се изборија за продолжение.

Филаделфија за прв пат поведе во првото пролжение (102-97), но Пол Џорџ и Расел Вестбрук поентираа за нови додатни пет минути.

Второто продолжение беше изедначено и на крајот Андре Робертсон пропушти да биде херој и промаши лесни поени, но затоа се искупи во третото продолжение кога на 10 секунди до крајот погоди за 117-119 и победа на гостите.

Прв играч на гостите беше Вестбрук со трипл-дабал учиник од 27 поени, 18 скока и 13 асистенции а Кармело Ентони и Пол Џорџ реализираа по 24 поени.

НБА резултати:

Шарлот - Мајами 98:104
Индијана - Детроит 98:104
Орландо - Портланд 88:95
Филаделфија - Оклахома 117:119
Вашингтон - ЛА Клиперс 100:91
Бостон - Јута 95:107
Торонто - Бруклин 120:87
Мемфис - Атланта 96:94
Милвоки - Чикаго 109:115
Денвер - Њу Орлеанс 117:111
Хјустон - Сан Антонио 124:109

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе