НБА

Хјустон го победи шампионот Торонто на негов терен (ВИДЕО)

Хјустон славеше гостинска победа во дербито со Торонто од 119:109, домаќинот го затвори Џејмс Харден, но ракетите одиграа тимски одличен меч и дојдоа до победата. 

За разлика од натпреварите на Хјустон кога Харден е во преден план и е убедливо најдобар поентер, во Торонто не беше така. Домашните кошаркари се потрудија да ја затворат главната ѕвезда на противникот, но тој одигра одлично тимски.
 
Хјустон водеше во текот на целиот меч и на крајот заслужено дојде до триумф од 119:109.
 
Најефикасен во победничкиот тим беше Меклемор со 28 поени, Харден реализираше 23. Во составот на Торонто Сиакам постигна 24.
 
 
Резултати:
 
Вашингтон - Филаделфија 119:113
Њујорк - Денвер 92:129
Торонто - Хјустон 109:119
Њу Орлеанс - Феникс 132:139

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе