НБА

Хјустон го победи шампионот и без Харден (ВИДЕО)

Иако актуелниот МВП на Лигата, Џејмс Харден не зеде учество во натпреаврот, Хјустон Рокетс го победи шампионот на НБА, Голден Стејт со 118:112 на негов терен.

Харден чувствувал болки во вратот по удар за време на тренинг и тренерот на „ракетите“, Мајк Д’Антъни одлучи да го одмори за дербито со „воините“ во Оукленд.

Во негово отсуство диригентската палка ја презеде ветеранот Крис Пол, кој реализираше 23 поени и 17 асистенции. Бекот Ерик Гордон додаде 25 поени, а крилата Пи Џеј Такер и Кенет Фарид се истакнаа со „дабл-дабл“, што ја потврди силната гира во рекетот на Хјустон, кои остварија вкупно 48 скока во натпреварот против 26 за противникот.

Кевин Дурант беше најпрецизен за Голден Стејт со 29 поени, а Стеф Кари додаде 25 поени, 9 скока и 7 асистенции.

И покрај поразот, тимот на Стив Кер остана на чело на Западната конференција со вкупно 42 победи и 17 порази. Хјустон е петти на Западот со 34 успеси и 25 порази.

Резултати:

Филаделфија – Портланд 115: 130
Атланта – Феникс 120: 112
Шарлот – Бруклин 115: 117
Кливленд – Мемфис 112: 107
Вашингтон – Индијана 112: 119
Њу Орлеанс – Лос Анџелес Лејкерс 128: 115
Мајами – Детроит 96: 119
Чикаго – Бостон 126: 116
Оклахома Сити – Сакраменто 116: 119
Милвоки – Минесота 140: 128
Голден Стејт – Хјустон 112: 118
Јута – Далас 125: 109

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе