На „брадата“ и „ракетите“ не им се веруваше

Хјустон бара победа или преигрување на мечот откако спорното забивање на Харден не беше признаено (ВИДЕО)

Сан Антонио по две продолженија триумфираше над Хјустон во супер возбудлив и драматичен натпревар, но „ракетите" бараат победа на зелена маса или преигрување на завршните минути од последната четвртина поради грешка на судиите кои не признаа едно забивање на Џејмс Харден.

Во големото дерби на Тексас, Сан Антонио славеше против Хјустон со 135-133. Домаќините практично цел натпревар беа во негатива, на крајот од третиот период имаа -22, но успеаја да се вратат и по две продолженија да триумфираат.

Џејмс Харден е трагичар на мечот и покрај тоа што постигна дури 50 поени, „брадата“ промаши дури три напади за победа, еден во регуларниот дел, друг во првото продолжение и трет во второто продолжение.

Исто така, еден негов потег во последната четвртина крена голема прашина, Џејмс Харден при една контра толку силно ја заби топката што таа излезе. Но проблем е тоа што од повторените снимки се гледа дека топката ја напушти мрежата и излезе од страна а не од самиот кош, и поените мораа да бидат признаени.

Официјалните лица на НБА признаваат дека била направена грешка, па ЕСПН вели дека „ракатите“ сега бараат да им се додели победа бидејќи со тие два поени тие ќе триумфирале во регуларен дел. Втора опција за Хјустон е да се преиграат последните 7 минути и 50 секунди од мечот. Кога се случи овој спорен момент, гостите имаа предност од 102-89.

НБА резултати:

Кливленд - Детроит 94:127
Вашингтон - Орландо 120:127
Њу Орлеанс - Далас 97:118
Торонто - Мајами 110:121
Сан Антонио - Хјустон 135:133
Денвер - ЛА Лејкерс 96:105
ЛА Клиперс - Портланд 117:97

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе