НБА

Хезоња го блокираше Леброн во последните секунди за победа на Њујорк (ВИДЕО)

Леброн Џејмс одигра силен меч, но Лос Анџелес Лејкерс дозволи трет последователен и вкупно триесет и деветти пораз за сезоната.

„Езерџиите" беа поразени на гостувањето во „Медисон Сквер Гарден", а Њујорк триумфира со 124:123, откако Марио Хезоња го блокираше последниот шут на „кралот" и така го обезбеди успехот на Никс.

Леброн постигна 33 поени, со 8 асистенции и 6 скока, а Кајл Кузма реализира 18 поени и 8 асистенции. Реџи Булок со 14 и Џонатан Вилијамс и Џавеил Мекги со по 12, исто така се претставија добро за гостите од Калифорнија.

Емануел Мудиеј беше најпрецизен за победниците со 28 поени и 8 асистенции, а ДеАндре Џордан наметна вистинска доминација со 15 поени, 17 скока, 7 асистенции и по еден блок и одземена топка. Демијан Дотсон со 25 поени, Хезоња со 17 и Кевин Нокс со 19 направија така што целата стартна петорка на домаќините да заврши со двоцифрени поединечни показатели.

СуперМарио имаше и 8 скока, одзеде 2 топки даде 1 асистенција и го блокираше потенцијалниот победнички шут на Леброн со единствеиот блок на мечот.

За Њујорк, ова е само четиринаесетта победа за сезоната.

Резултати од НБА:

Њујорк – Л.А. Лејкерс 124: 123
Мајами – Шарлот 93:75
Милвоки – Филаделфија 125: 130
Детроит – Торонто 110: 107
Орландо – Атланта 101: 91
Сакраменто – Чикаго 129: 102
Лос Анџелес клиперс – Бруклин 119: 116
Хјустон-Минесота 117: 102

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе