Шампионот со пораз се врати од гостувањето кај Филаделфија и тоа во последните мигови од мечот.
Филаделфија заслужи да победи затоа што водеше речиси во целиот натпревар. Лејкерс успеа дури во финишот да го сврти мечот и да поведе со 106:105, но Харис погоди на 2,4 секунди до крајот и донесе победа за својот тим од 107:106.
Ембид со 28 поени беше најефикасен во составот на Филаделфија, Харис постигна 24. Кај Лејкерс најдобар беше Леброн Џејмс со 34 поени, Ентони Дејвис постигна 23.
Резултати:
Шарлот - Индијана 106:116
Кливленд - Детроит 122:107
Орландо - Сакаменто 107:121
Атланта - Бруклин 128:132
Мајами - Денвер 82:109
Филаделфија - ЛА Лејкерс 107:106
Торонто - Милвоки 108:115
Сан Антонио - Бостон 110:106
Њу Орлеанс - Вашингтон 124:106
Фенкс - Оклахома 97:102
Јута - Далас 116:104
Голден стејт - Минесота 123:111