НБА

Харден со трипл-дабл го предводеше Хјустон до нова убедлива победа над Јута (ВИДЕО)

Џејмс Харден имаше уште еден одличен натпревар, а Хјустон и во вториот меч славеше убедлива победа против Јута, овој пат од 118:98. 

Хјустон уште во првата четвртина поведе со 20 поени разлика, 39:19, а потоа само ја одржуваше големата предност за на крајот да слави со исто толку разлика. Со овој триумф „ракетите“ поведоа со 2-0 во серијата со Јута.
 
Харден постигна 32 поени, имаше 13 скока и 10 асистенции. Во тимот на Јута, Рики Рубио и Онил реализираа по 17.
 
Синоќа се одиграа уште два натпревари, Милвоки со 120:99 го победи Детроит и поведе со 2-0, а втор триумф забележа и Бостон над Индијана, сега со 99:91.
 
 
Резултати:
 
Бостон - Индијана 99:91
Милвоки - Детроит 120:99
Хјустон - Јута 118:98
 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе