НБА

Харден со трипл-дабл го предводеше Бруклин до победа над „својот“ Хјустон (ВИДЕО)

Џејмс Харден се врати во Хјусон и беше најдобар во тимот на Бруклин во победата од 132:114 против својот поранешен клуб. 

Харден помина девет години во Хјустон, а синоќа го одигра првиот натпревар против нив во дресот на Бруклин и победи.
 
Неговиот нов тим доминираше во целиот тек на натпреварот а тој беше најдобар со 29 поени, 14 асистенции и 10 скокови, Ирвинг постигна 24.
 
За Хјустон блескаа Вол кој даде 36 поени и Оладипо со 33 поени, но учинокот на овие двајца не беше доволен да се избегне пораз, другите играчи на Хјустон не беа на нивото за да парираат на тим како Бруклин.
 
 
Резултати:
 
Кливленд - Индијана 111:114
Филаделфија - Јута 131:123
Торонто - Детроит 105:129
Хјустон - Бруклин 114:132
Минесота - Шарлот 102:135
Њу Орлеанс - Чикаго 124:128
Орландо - Атланта 112:115
Далас - Оклахома 87:78
Портланд - Голден стејт 108:106
Сакраменто - ЛА Лејкерс 123:120