НБА

Харден и Дурент го срушија Милвоки, Голден стејт го победи Лејкерс (ВИДЕО)

Џејмс Харден и Кевин Дурент веднаш покажуваат дека ќе бидат одличен тандем, двајцата имаа фантастични партии и го предводеа Бруклин Нетс во победа од 125-123 над Милвоки. 

Бруклин забележа нов триумф, овој пат против еден од најголемите конкуренти на истокот, Милвоки. Џејмс Харден и Кевин Дурент имаа одличен натпревар и покажаа дека веднаш се вклопија како голем тандем.
 
Харден постигна 34 поени, имаше и 12 асистенции, Дурент реализираше 30 поени, имаше и девет скокови. Во составот на Милвоки најдобар беше Адетокумбо со 34 поени.
 
 
Голден стејт со одлична игра во последната четвртина дојде до победа на гостувањето кај Лејкерс од 115:113. Лејкерс водеа речиси во текот на целиот натпревар, но во самиот финиш Голден стејт го презеде водството и дојде до триумф. 
 
Стеф Кари со 26 поени беше најдобар на теренот, кај Лејкерс Шродер постигна 25, Леброн Џејмс уфрли 19, а Ентони Дејвис 17 поени, но имаше и фантастични 17 скокови.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Милвоки 125:123
Торонто - Далас 116:93
Чикаго - Хјустон 125:120
Мајами - Детроит 113:107
ЛА Лејкерс - Голден стејт 113:115

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе