Бруклин забележа нов триумф, овој пат против еден од најголемите конкуренти на истокот, Милвоки. Џејмс Харден и Кевин Дурент имаа одличен натпревар и покажаа дека веднаш се вклопија како голем тандем.
Харден постигна 34 поени, имаше и 12 асистенции, Дурент реализираше 30 поени, имаше и девет скокови. Во составот на Милвоки најдобар беше Адетокумбо со 34 поени.
Голден стејт со одлична игра во последната четвртина дојде до победа на гостувањето кај Лејкерс од 115:113. Лејкерс водеа речиси во текот на целиот натпревар, но во самиот финиш Голден стејт го презеде водството и дојде до триумф.
Стеф Кари со 26 поени беше најдобар на теренот, кај Лејкерс Шродер постигна 25, Леброн Џејмс уфрли 19, а Ентони Дејвис 17 поени, но имаше и фантастични 17 скокови.
Резултати:
Бруклин - Милвоки 125:123
Торонто - Далас 116:93
Чикаго - Хјустон 125:120
Мајами - Детроит 113:107
ЛА Лејкерс - Голден стејт 113:115