НБА

Харден го предводеше Хјустон до лесна победа над Голден стејт (ВИДЕО)

Хјустон со 129:112 го победи Голден стејт, Џејмс Харден и овој пат беше најдобар на теренот, Далас и Лука Дончиќ славеа над Орландо со 107:106. 

Голден стејт со сите проблеми со повредени играчи тешко се носи со ривалите во НБА, така беше и ноќеска против Хјустон.
 
Ракетите беа големи фаворити во овој дуел и така се одвиваше мечот, ги добија сите четвртини и на крајот славеа со 129:112.
 
Џејмс Харден реализираше 36 поени, имаше и 13 асистенции. Најефикасен во Голден стејт беше Буркс со 28 поени.
 
 
Лука Дончиќ повторно беше најдобар во составот на Далас кој го совлада Орландо со еден поен разлика 107:106.
 
Дончиќ постигна 27 поени, имаше и по седум скока и асистенции. Најефикасен кај Орландо беше Гордон со 23 поени.
 
 
Резултати:
 
Детроит - Њујорк 122:102
Индијана - Вашингтон 121:106
Атланта - Чикаго 93:113
Хјустон - Голден стејт 129:112
Торонто - Сакраменто 124:120
Мемфис - Минесота 137:121
Далас - Орландо 107:106
Јута - Филаделфија 106:104
ЛА Клиперс - Милвоки 124:129

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе