Далас одлично го почна мечот, првата четвртина беше импресивна, таа ја добија со 26-13, играта во одбраната беше клучна. На полувремето заминаа со предност од 54-36 и до крајот само рутински ја задржаа разликата и запишаа победа.
На овој меч Дончиќ не беше најдобар, тој постигна 21 поен, а ѕвезда на вечерта беше Хардавеј со 29 поени. Во составот на Мемфис, Морант постигна 22 поени.
Резултати:
Хјустон - Чикаго 100:120
Далас - Мемфис 102:92
Оклахома - Мајами 94:108
Феникс - Портланд 132:100
Јута - Шарлот 132:110
ЛА Лејкерс - Вашингтон 124:127