НБА

Хардавеј и Дончиќ го предводеа Далас до победа над Мемфис (ВИДЕО)

Далас со 102:92 го совлада Мемфис и брзо по поразот од Портланд им се врати на победите, секој триумф им е значаен во битката за место во плеј-офот. 

Далас одлично го почна мечот, првата четвртина беше импресивна, таа ја добија со 26-13, играта во одбраната беше клучна. На полувремето заминаа со предност од 54-36 и до крајот само рутински ја задржаа разликата и запишаа победа.
 
На овој меч Дончиќ не беше најдобар, тој постигна 21 поен, а ѕвезда на вечерта беше Хардавеј со 29 поени. Во составот на Мемфис, Морант постигна 22 поени.
 
 
Резултати:
 
Хјустон - Чикаго 100:120
Далас - Мемфис 102:92
Оклахома - Мајами 94:108
Феникс - Портланд 132:100
Јута - Шарлот 132:110
ЛА Лејкерс - Вашингтон 124:127

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе