Славјето на титулата премина во нереди

Хаос низ улиците на Лос Анџелес, полицијата се судри со навивачите на Лејкерс (ВИДЕО)

По освоената шампионска титула, навивачите на Лос Анџелес Лејкерс излегоа на улиците да прослават, по што почнаа судири со полицијата и настанаа вистински нереди. 

Илијадници луѓе излегоа да ја прослават титулата на Лејкерс, фановите се собираа во близина на Стејплс центар.
 
Славјето набрзо премина во борби меѓу навивачите и полицијата која употребуваше солзавец против толпата.
 
Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Грасети го осуди собирањето на фановите на Лејкерс во време на пандемија.
 
Лос Анџелес Лејкерс со 106:93 го победи Мајами и ја доби финалната серија со 4-2 со што по 17. пат ја освои титулата израмнувајќи се со Бостон по бројот на освоени трофеи.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе