Грчкиот кошаркар е згрозен од содржината

Хакнат твитер профилот на Адетокумбо: „Е*и се Коби Брајант, почивај во урина“

Твитер продилот на Јанис Адетокумбо бил мета на хакерски напад, синоќа на него се појавија твитови со погрдни содржини кон останатите кошаркари а дел беа наменети за починатиот Коби Брајант. 

Од твитер профилот на ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо се појавија твитови кои ги згрозија кошаркарските фанови.
 
„Е*би се Коби Брајант“, „Коби почивај во урина“, „Милвоки бакс е расистички тим, ме викаат црнечки роб ако не постигнам 60 поени по натпревар“, „Е*и го Леброн Џејмс, тој се обиде да ангажира убиец за мене“, „Стеф Кари, имав секс со жена ти“... се дел од твитовите кои се појавија на профилот на Адетокумбо.
 
 
Адетокумбо успеа да си го врати профилот, по што го објасни инцидентот и изрази разчараност и згрозеност од тоа што се случило.
 
„Се вратив и би сакал да објаснам за инцидентот. Бев хакнат и ситуацијата во моментов се истражува. Твитовите и постовите беа екстремно некоректни и многу сум разочаран и згрозен дека некој од мојот профил кажувал такви ужасни работи! Се чувствувам ужасно бидејќи Бакс, Крис, Леброн и Кари беа вклучено во овие невистинити твитови. Особено ужасно се чувствувам за фамилијата Брајант, за време на овој период на тажење тие не треба да бидат предмет на вакво негативно и лошо однесување. Ви благодарам на сите кои секогаш ми давате поддршка“, напиша Адетокумбо.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе