НБА

Гостински победи за Денвер и Торонто (ВИДЕО)

Денвер и Торонто забележаа гостински победи, го вратија загубениот „брејк“ и изедначија во полуфиналните серии против Портланд односно Филаделфија.

Денвер со 116-112 победи на теренот на Портланд. Мареј со 34 поени беше најефикасен во составот на Нагетс, но Никола Јокиќ имаше трипл-дабл, постигна 21 поен, имаше 11 скока и 12 асистенции. Кај Портланд Мекалум постигна 29 поени, Лилард еден помалку.
 
По четири одиграни натпревари Денвер и Портланд се изеначени 2-2.
 
 
Таков е резултатот и меѓу Филаделфија и Торонто откако канадскиот тим синоќа победи со 101:96.
 
Вистински предводник во победата беше Ленард со 39 поени, имаше и 14 скока. Во составот на Филаделфија, Батлер постигна 29 поени, имаше и 11 скока.
 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе