Атрактивен и контроверзен натпревар во забивање

Гордон заби преку највисокиот играч во НБА и пак остана без трофеј: Никогаш повеќе нема да учествувам (ВИДЕО)

Арон Гордон загуби уште еден натпревар во забивање, кошаркарот на Орландо утрово беше поразен од Дерик Џонс џуниор во контроверзно финале по кое се закани дека никогаш повеќе нема да учествува.

Атрактивни забивња но и контроверзија на натпреварот во забивање, Дерик Џонс од Мајами е победник и покрај тоа што Арон Гордон заби преку највисокиот играч во НБА, Тако Фол.

Во финалето, за првите две забивања, двајцата добија чиста 50-ка, па следуваше уште еден обид, каде исто така резултатот беше изедначен, Гордон и Џонс добија нова 50-ка.

Во четвтиот обид, Џонс доби 48 поени за забивање речиси од линијата за слободни фрлања и ова ја отвори вратата за Гордон да стигне до титулата. Кошаркарот на Орландо на теренот го повика Тако Фол од Бостон, кој со 226 сантиметри е највисок во НБА и успеа да забие преку него, но наместо славје остана разочаран, судиите му доделија 47 поени.

„Сакав да забијам преку Шек, тој не сакаше да учествува и публиката почна да скандира, „Тако, Тако!“. Си реков, „ОК, ајде да го сториме тоа“. Човекот е висок 2.26 метри и не е лесно да забиете преку него а добив само 47 поени. Ајде луѓе, што правите? Дерик Џонс имаше добри забивања, но изненаден сум од одлуката. Имав четири или пет забивања од 50 поени, тоа треба да е доволно, крај, да си одиме дома... Не знам кој е одговорен за трофејот. Нема шанси веќе да учествувам, требаше да имам два трофеи а јас останав со празни раце. Следниот пат ќе се пријавам за натпреварот во тројки“ – порача разочараниот Гордон.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе