Мундобаскет 2019

Големо разочарување за Србија, тргнаа во Кина по злато, завршија во четвртфиналето, Аргентина направи сензација!

Шок за Србија, елиминирани се во четвртфиналето на Светското кошаркарско првенство во Кина откако загубија од Аргентина со 97:87.

Аргентина приреди вистинска сезнзација победувајќи ја Србија со 97:87 во четвртфиналето на Светското првенство.
 
Србија на Мундобаскетот важеше за еден од главните фаворити за златниот медал, со таква амбиција и отпатуваа во Кина, но завршуваат уште во првата елиминациска рунда.
 
Аргентина беше перфектна до овој дуел со пет победи од пет натпревари, но немаше некој посериозен противник па мали шанси и се даваа против Србија. Србите како да ги разниша тој пораз од Шпанија и денеска не беа на вистинското ниво, можеби и ги потценија Аргентинците.
 
Аргентина водеше речиси во текот на целиот натпревар, одигра одличен меч и сосема заслужено дојде до победата. Србија ја бркаше предноста на Аргентинците, на моменти ќе успееше да израмни или да поведе со еден-два разлика, но на крајот не успеа да го избегне овој кобен пораз.
 
Скола со 20 поени беше вистински предводник во победата, Кампацо постигна 18, Гарино 15. Кај Србија, Богдановиќ реализираше 21, Бјелица даде 18, Јокиќ 16.
 
Ова е големо разочарување за српските навивачи кои не очекуваа дека нивните миленици можат да бидат запрени од Аргентина.
 
Аргентина во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу САД и Франција.
 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе