Им нема крај на маките

Големи проблеми за Голден Стејт, Стеф Кари ја оперираше дланката и ќе паузира најмалку три месеци

„Воините" соопштија дека Стеф Кари заминал под нож за да ја санира фрактурата на левата дланка, плејмејкерот ќе паузира најмалку три месеци.

Големи проблеми за Стив Кер и Голден Стејт, првата ѕвезда на тимот, Стеф Кари ќе биде надвор од стрјот до февруари следната година.

Плејмејкерот заработи повреда на дуелот со Феникс, центарот на „сонцата“, Арон Бејнс падна на неговата рака и настрада левата дланка. Па Стеф Кари денеска морал да замие под нож за да ја санира фрактурата.

Се очекува тој целосно да се опорави, но ќе биде надвор од стројот најмалку три месеци. „Воините“ од поодамна не можат да сметаат на Клеј Томпсон и Демаркус Казинс, кои имаат тешки повреди и со месеци ќе бидат во аут, па прашање е дали Голден Стејт ќе игра плеј-оф.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе