Тажна вест од Белград

Голема трагедија: кошаркар на Црвена звезда починал во теретана!

Кошаркарот на Црвена звезда Мајкл Оџо денеска почина на 27-годишна возраст, според неофицијални информации се работи за срцев удар. 

Нигерискиот кошаркар кој во Србија е уште од 2017 година, Мајкл Оџо го загуби животот, починал од срцев удар.
 
Трагичниот настан се случил на стадионот на ФК Партизан во теретана каде што Оџо имал тренинг, тој таму колабирал и починал на лице место.
 
Мајкл Оџо во Србија прво играше за ФМП каде дојде од Флорида стејт откако не беше драфтуван во НБА, следната сезона се пресели во Црвена звезда со која го освои домашното првенство и АБА лигата.
 
Тој  беше еден од омилените кошаркари на навивачите на Црвена зезда.
 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе