НБА

Голден стејт уште еднаш го победи Хјустон, Милвоки изедначи против Бостон (ВИДЕО)

Голден стејт го доби и вториот домашен натпревар против Хјустон откако славеше со 115:109, Милвоки изедначи против Бостон со убедлив триумф од 123:102. 

Голден стејт водеше буквално од првата до последната минута на натпреварот, Хјустон успеа во финишот да дојде до -4, но не и да дојде до позитивен резултат.
 
Кевин Дурент со 29 поени беше најефикасен во составот на Голден стејт, на спротивната страна исто толку постигна Џејмс Харден.
 
 
Милвоки убедливо го победи Бостон со 123:102 и изедначи на 1-1 во полуфиналната серија. Селтикс подобро го отворија мечот, но клучни беа втората и третата четвртина во кои домаќинот одигра маестрално и на крајот заслужено победи.
 
Адетокумбо постигна 29 поени, имаше и десет скока, кај Бостон најефикасен беше Марк Морис со 21 поен.
 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе