НБА

Голден стејт тргна сигурно во плејофот, Сан Антонио му зема брејк на Денвер (ВИДЕО)

Голден стејт лесно, со 121:104 го победи Лос Анџелес Клиперс во првиот меч од плејофот, Сан Антонио славеше на гостувањето кај Денвер со 101:96.

Почна плејофот во НБА, шампионот Голден стејт тргна според очекувањата, буквално немаше никаков проблем во првиот меч и оствари сигурен триумф против ЛА Клиперс.
 
Стеф Кари беше играчот на мечот со 38 поени и 15 сока. Во составот на Клиперс најдобар беше Харел со 26 поени.
 
 
Никола Јокиќ оствари трипл дабл, но Денвер го загуби првиот натпревар од Сан Антонио, пораз на свој терен.
 
Јокиќ постигна само 10 поени, но имаше 14 скока и 14 асистенции. Харис беше најефикасен во составот на Денвер со 20 поени. ДеРоузен со 18 поени и 12 скока беше најдобар поединец кај Сан Антонио.
 
 
Резултати:
 
Голден стејт - ЛА Клиперс 121:104 (1:0)
Денвер - Сан Антонио 96:101 (0:1)
Филаделфија - Бруклин 102:111 (0:1)
Торонто - Орландо 101:104 (0:1)

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе